Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија

Bez autora
Oct 22 2012

Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија. Средствата ќе се пласираат преку новооформениот фонд СЕАФ Македонија 1, што го најавија учесниците на Глобалниот инвестициски форум во Охрид. Роберт Арсов, потпретседател на Македонија 2025, посочи дека има многу Македонци кои можат да вложуваат во фондот. Минималниот износ е 500 илјади долари од инвеститор. Фондот ќе го води Хубертус Јан ван дер Варт, извршен директор на СЕАФ, кој потенцира дека на почетокот ќе се поддржат 10 до 14 компании, бизниси од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот. Сега е вистинско време за инвестирање во Македонија, порача претседателот на Македонија 2025, посочувајќи дека целта на организацијата е да се зголеми вклученоста на дијаспората, да се претстави Македонија како привлечна за инвестирање и да им се помогне на локалните компании.

Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во МакедонијаМакедонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија.

Средствата ќе се пласираат преку новооформениот фонд СЕАФ Македонија 1, што го најавија учесниците на Глобалниот инвестициски форум во Охрид. Роберт Арсов, потпретседател на Македонија 2025, посочи дека има многу Македонци кои можат да вложуваат во фондот. Минималниот износ е 500 илјади долари од инвеститор.

Фондот ќе го води Хубертус Јан ван дер Варт, извршен директор на СЕАФ, кој потенцира дека на почетокот ќе се поддржат 10 до 14 компании, бизниси од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот.

- Сега е вистинско време за инвестирање во Македонија, порача претседателот на Македонија 2025, посочувајќи дека целта на организацијата е да се зголеми вклученоста на дијаспората, да се претстави Македонија како привлечна за инвестирање и да им се помогне на локалните компании. Сето тоа со цел развој на Македонија, да стане подобро место за живење.

Според Зоран Мартиновски, член на Македонија 2025, нема подобро место за живеење од дома и затоа треба да се работи на развој на земјата. Живко Мукаетов од Алкалоид" укажа на потребата од заедничка работа на сите за раст на македонската економија, додека Минчо Јорданов, исто така член на Македонија 2025, нагласи дека Самитот ќе придонесе за зацврстување на мостот со дијаспората.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik